РЕЖИМСКОТО ЧАНТИЧЕ КОЕ ШТО ВЕЛИ ДЕКА ЌОСЕТО ЖИВЕЕ ВО ВМРОНСКИТЕ ГАЗОВИ ЌЕ СКАПИ ВО ИДРИЗОВО : Екс директорката на Центарот за вработување со државна картичка се фрлила на КРАЛСКИ ЛУМПЕРАЈ

0
2795

Машки чорапи, влажни марамчиња, козметика, аутан, спрејови, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напитоци од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци и други јаткасти производи, се дел од продуктите кои наводно ги купувала Слободанка Алексовска, поранешната раководителка на Центарот за вработување на Скопје при Агенцијата за вработување, информираше на денешната прес-конференција директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска.

-Спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила, Алексовска користела две службени возила надвор од работното време, по 16 часот и 30 минути и тоа за време на викенди, за време на користење слободни денови и при користење на годишен одмор. Од буџетот на Агенцијата Алексовска трошела средства за патарини и паркинг услуги надвор од работното време во неработни денови и во доцните вечерни часови. Исто така, за угостителски услуги правела повеќе сметки во износи над 6.000 денари во доцните вечерни часови и за време на викенди, информираше Јовановска.

Од буџетот на оваа институција во 2016 година потрошила 429.597 денари (околу 7.000 евра), а за првата половина од оваа година 116.625 денари (околу 2.000 евра) за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично. Како доказ за овие тврдења Јовановска на новинарите присутни на денешната прес- конференција им приложи фотокопии од фискални сметки.

Алексовска е суспендирана од работното место раководител на Центар за вработување на Град Скопје и е донесена е одлука за поведување на дисциплинска постапка која ќе продолжи по завршувањето на изборите. Во тек е комплетирање на документација неопходна за поднесување кривична пријава за сторени кривични дела од страна на Алексовска за злоупотреба на службената положба и овластувања и нанесување штета на имотот и буџетските средства на Агенцијата за вработување.

Поранешната директорка на Агенцијата за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска поднесе приговор до Антикорупциска во којшто навела дека дека на 22 овој месец била суспендирана од работа, дека претходно против неа била поведена дисциплинска постапка и дека била поставена на работно место пет нивоа пониско.