ИЛЧЕ ГЕБЕЛС СЕГА МОЖЕ СЛОБОДНО ДА ИДЕ НА ХАЛКИДИКИ: Власта го надитри ВМРО-ДПМНЕ за да ја формира ДИК без гласовите на опозицијата откако тие 1 месец го кочеа формирањето на ДИК!

0
1672

Непосредно пред почетокот на денешната собраниска седница Владата предложи измени во Изборниот закони со кои членовите на Државата изборна комисија би се бирале со апсолутно мнзоинство, наместо со двотретинско. На овој начин, велат од Владата, би се надминала блокадата во собраниската Комисија за именувања и мандатно имунитетни прашања, со која претседава Илија Димовски, кој веќе неколку недели одбива да закаже седница.

Бидејќи работата на Комисијата е блокирана, власта со политички притисок се обидува да ја натера опозицијата да се откаже од ваквиот пристап. Владата предлага од Изборниот законик да се избрише зборот „двотретинско“ при гласањето на членови на ДИК.

„Со цел да се разреши проблемот што се појави со блокирање на процесот на избор на Државната изборна комисија, cе предлага соодветна измена со која ќе се разрешат објективно настанатите состојби. Уставот на Република Македонија го уредува потребното мнозинство за донесување на одлуки, кое варира во зависност од законската материја или избраната или именувана позиција за која се носи одлука. Целта на овие механизми, а особено на двотретинското мнозинство при носење на одлуките е да се обезбеди поширок легитиметет и инклузивност на сите политички субјекти претставени во Собранието. Дополнително, освен овие уставни решенија, определени закони предвидуваат двотретинско мнозинство за избор на членови на тела, во конкретниот случај двотретинско мнозинство за избор на членови во Државната изборна комисија според Изборниот законик. Сепак, ваквото решение и покрај добрата намера при неговото креирање, не смее да се претвори во своја спротивност, овозможувајќи и на парламентарната опозиција целосно да го блокира процесот на донесување на одлуки, поточно изборот на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија“, стои во предлог измените.

Затекнати од овој предлог пратениците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа велејќи дека власта се однесува недемократски. Пратеникот Драган Данев рече дека со ова Владата ја навредува интелигенцијата на граѓаните.

Тие побараа пауза од еден час.

Собраниската седница продолжува во 14.30 часот, а Изборниот законик е единаесета точка на дневен ред и предложен е да се разгледува по скратена постапка.

Владата на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Со предлог-законот ќе се овозможи избор на Државната изборна комисија и ќе се надминат објективните слабости во праксата.

Измените се однесуваат на неколку ставови од членот 27. Во него, целосно се брише ставот 3 кој гласи: „Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието“

Во ставот 4, кој гласи: „Од кандидатите на предлогот на листата, политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна комисија, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на Државната изборна комисија“, се бришат зборовите „на предлогот на листата“.

Во ставот 5, кој гласи: „Претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, се брише зборот „двотретинско“.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.