Северниокорејскиот лидер Ким Џонг ун му испрати на американскиот претседател Доналд Трамп порака за помирување во време кога се запрени преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Пораката на Ким , пратена како писмо , е предадена во петокот , наведуваат неименувани дипломатски извори. Во пораката наводно , Ким му посакал на Трамп уште многу средби следната година за да се постигне разоружување на Корејскиот полуостров.
Американскиот Стејт Депшартмент и амбасадата на САД во Јужна Кореја немаа коментар на писмото на Ким.