До Собранието испратени се три барања за апанажа, од вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров и од министерките за одбрана и за образование и наука, Радмила Шекеринска и Мила Царовска, потврдуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според законските одредби, ако им биде прифатено барањето, тие ќе земаат министерка плата во траење од 3 до 12 месеци, во зависност од министерскиот стаж.
Инаку периодот на апанажа може да се скрати на барање на подносителот или ако е работно ангажиран.
Од Собранието потврдија и дека минатата недела им била одобрена апанажа на поранешните министри Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани и тоа во траење од 9 месеци. Поранешниот премиер Зоран Заев и досегашните министри за здравство и култура Венко Филипче и Ирена Стефоска кажаа дека нема да го користат ова право и дека се враќаат на своите претходни работни места.
Деветмесечна апанажа му е одобрена и на поранешниот заменик-министер за култура од редовите на Беса, Седат Сулејмани, кој исто како и Хоџа поднесе оставка во ноември минатата година.
Додека пак Јагода Шахпаска, Ирена Стефовска, Венко Филипче и екс премиерот Зоран Заев се откажале од барањето за апанажа во име на глобалната економска криза.