Пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски со извонредна самокритика : Граѓаните ја потрошија платата, ние ќе си ги земеме нашите 68.000 денари

0
2505

Пратеникот од СДСМ побара да се почитува деловникот за да не мора пратениците од парламентарно мнозинство да наоѓаат нови излези од сценариото на ВМРО.

Три дена најгрубо се крши деловникот за работа во Собранието. Господине претседавач, ги прекршивте сите членови на деловникот од почеток до крај. Граѓаните одамна ја потрошија месечната плата. Ние за некој ден ќе си ги земеме нашите 68.000 денари народни пари како плата. Затоа ве молам почитувајте го деловникот да не мора ние пратениците од новото парламентарно мнозинство да наоѓаме нов начин и алтернатива како на ова да му најдеме крај, побара од собраниската говорница, пратеникот од СДСМ  Максим Димитриевски.

На ова реагираше претседавачот на конститутивната седница, Трајко Вељаноски кој рече:

– Јас и денес ќе апелирам до колегите да се откажат од реплики и контра реплики, од збор, но тоа е нивно право. А што се однесува до платата, имаше некои кои 15 месеци не доаѓаа на работа, а сепак земаа плата.