Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, им се обратил со писмо на четворицата лидери на најголемите парламентарни партии во земјава, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, изразувајќи загриженост за застојот на имплементацијата на Пржинскиот договор, дознава ексклузивно ТВ Шења од дипломатски извори.
Извори од Амбасадата на ЕУ во Скопје потврдиле за ТВ Шења дека поради овој застој, Хан ќе го посети Скопје во првата половина на јануари.