АВТОБУСОТ НА БЕСА ТРАНС НЕ БИЛ ПРИЈАВЕН ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ: КАДЕ БИЛЕ КОНТРОЛИТЕ ОД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРАНСПОРТ ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ВОЗИЛА ЦЕЛИ ТРИ ГОДИНИ?!

0
1155

Во Министерството за транспорт и врски воопшто не бил пријавен автобусот кој што изгоре на автопатот во Бугарија.

Сѐ уште е во тек анализата на документацијата на превозникот “Беса Транс”, на неговите автобуси и на пријавените професионални возачи. Опожарениот автобус воопшто не бил пријавен од страна на сопственикот и не фигурира во системот на министерството.
Сѐ уште се проверува дали двајцата возачи кои управувале во автобусот имале сертификат и дали биле пријавени од страна на сопственикот на агенцијата.

Фирмата “Беса Транс” имала лиценца за слободен превоз на патници од 2018 година. Согласно законите, секоја фирма која врши слободен превоз е должна да ги пријави возилата кои ќе сообраќаат и професионалните возачи кои ќе ги управуваат тие возила. Автобусот во кој се случи трагедијата, воопшто не бил пријавен, бил нов и сообраќал во последните 3 години.

Задолжен за контрола на превозниците е Државниот инспекторат за транспорт кој што треба да врши редовни и вонредни контроли, да проверува дали превозниците ги исполнуваат условите и дали имаат лиценца.

Против превозникот “Беса транс”, Државниот инспекторат за транспорт годинава поднел 4 кривични пријави за непочитување на протоколите за Ковид-19 за јавен превоз на патници.

Истрагата треба да покаже и како автобусот ги минувал државните граници доколку немал пријавена лиценца за сите автобуси.

Извор: Дојче Веле