Професорката Тања Каракамишева ќе биде нов член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, објави порталот Доказ. Се работи за тело што има две функции – да одобрува формирање нови факултети, но и да ја оценува нивната работа – што значи добива надлежност и да одзема добиени акредитации за работа.
Каракамишева покрај професорскиот ангажман, е дел и од Надзорниот одбор на Македонски пошти, а од критиките се „бранеше“ велејќи дека прифатила за да ја средела поштата…
Каракамишева води емисија и во провладиното Радио Слободна Македонија.