Ставрески не е удрен со мокар чорап, туку со ТОКМАК, со години лупета дека буџетот е во одлична кондиција, а денес призна дека државата се задолжува за да има плати и пензии!

0
1780

До колку се укине издавањето на државни записи, се укинуваат механизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот. Се доведува во прашање исплатата на платите, на пензиите, воопшто на сите редовни исплати кои се вршат од буџетот, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Според Министерството, ветото на опозициската СДСМ на издавањето државни хартии од вредност значи дека пензиите нема да се исплатат на почетокот на месецот како што секогаш се исплаќаат овие девет години, нема да се исплатат платите за полицијата, војската, здравствените и образовните работници, социјалната помош, ќе се запре изградбата на патишта, водоводи, капитални проекти, ќе се запре исплатата на субвенции,….

Издавањето на државните хартии од вредност е предвидено со Буџетот за 2015 година, изгласан од Собранието на РМ, и со неговото попречување, нагласува МФ, се крши и законот.

– Секоја земја издава државни хартии од вредност. На тој начин месечно се пегла балансот односно приходите и расходите. На пример, акцизите и данокот на добивка се наплаќаат на 15 во месецот, а ДДВ на 25-ти. Законски пензиите и платите се исплаќаат до 15 во месецот. Државните записи имаат функција да обезбедат ликвидни средства во овој меѓупериод за да горенаведените и воопшто сите државни исплати и активности се вршат непречено, согласно планираното и договореното. Така отсекогаш функционирал буџетот и така функционира и кај сите земји, стои во соопштението на МФ.

Доколку се погледне календарот за одржување аукции за продажба на државни хартии од вредност на Министерството за финансии, се забележува, како што стои во соопштението, дека освен датите на идните аукции, има и дати на стари доспеани записи кои треба да се исплатат.

– Во контекст на аукцијата следната недела која предвидува продажба на државни записи во вредност од 100 милиони евра, истиот месец доспеваат за исплата стари записи во вредност од 5,2 милијарди денари или 84,6 милиони евра. Значи тоа не е ново задолжување, туку рефинансирање на веќе запишани хартии од вредност, објаснува Министерството за финансии.

Воедно потсетува дека државни хартии од вредност се издаваат од 2004 година. – Доколку на тоа се додадат 150-те милиони евра од еврообврзницата која беше издадена во 2005 година од страна на Владата на сега опозициската СДСМ, тоа се вкупно 234,6 милиони евра кои треба да се вратат во декември. Од нив 210 милиони, заедно со еврообврзницата, треба да се исплатат заклучно 8-ми декември – ист период кога се исплаќаат платите и пензиите, се наведува Министерството за финансии