Продолжуваат разговорите на преговарачките тимови за медиумите

0
914

По неколкудневна пауза, откако посредникот Питер Ванхауте замина во Брисел, денеска во Клубот на пратеници продолжуваат разговорите за постигнување договор за регулирање на медиумската област.

Посредникот Ванхауте како краен рок за договор го утврди петок, до кога претставниците на четирите големи партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА треба да договарат за однесувањето на медиумите и на новинарите.

Здружението на новинари и Синдикатот на медиумски работници побараа да бидат вклучени во процесот на договарање на условите за работа на новинарите, во спротивно нема да го признаат договорот и ќе повикаат медиумите да ги бојкотираат изборите.