(ВИДЕО) СДСМ Гевгелија: Кампања за безбедност во сообраќајот ја претворивте во кампања за промоција на ВМРО-ДПМНЕ

0
1217

sdsmgevgelija1

„Минатата недела посведочивме уште еден срамен и дрзок чин на ВМРО-ДПМНЕ. Избезумени од фактот дека ја губат власта, како давеник за сламка ДПМНЕвците не бираат начини да се промовираат со надеж дека тоа ќе им помогне да останат на власт бар малку подолго.

Во петокот 20-ти ноември, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија посегна по злоупотреба на децата и младите за преку нив да врши агитација за свои политички цели. Имено, ДПМНЕ ја злоупотреби можноста да агитира преку државните институции и преку децата од основните училишта- тие злоупотребија една добронамерна кампања за безбедност во сообраќајот со тоа што кампањата за безбедност во сообраќајот ја претворија во кампања за промоција на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ Гевгелија.

„Овие флаери им беа поделени на децата од основните училишта и како што можете да забележите во долниот десен агол стои логото на ВМРО-ДПМНЕ.

Flaer1 Flaer2

СДСМ ја поддржува секоја кампања за безбедност во сообраќајот, особено поради фактот дека во Македонија секоја недела слушаме за најмалку еден смртен случај предизвикан од сообраќајна несреќа. Но, не е во ред партиската промоција да се обвитка во нешто што навидум изгледа на добронамерна кампања и така да се протне во рацете на децата. И не само што не е во ред, туку и законски е забрането политичките партии да ги злоупотребуваат државните институции и најмладите со цел да агитираат. Потсетуваме дека ова не е изолиран случај: ДПМНЕ минатата недела спроведе анкета врз децата и родителите во основните училишта во Општина Аеродром. Сево ова е спротивно на Законот за основно и средно образование кој строго забранува било какво политичко делување во училиштата и врз децата.

Апелираме до Просветниот инспекторат да ги испита овие случаи на злоупотреба на образовните институции и децата во политичка кампања.

Апелираме и до ДПМНЕ: Крајот на вашето владеење се приближува и тоа нема да го запрете со ништо, а најмалку со партизирање на децата. Оставете ги децата да бидат деца! Ним им доликува безгрижната детска игра, а не да бидат инструменти за ваша партиска промоција и агитација. Знаеме дека ја партизиравте секоја сфера од живеењето, но немојте да продолжите во насока на партизирање на децата од основните и средните училишта“, соопштуваат од СДСМ Гевгелија.