И официјално Зидан му го зема местото на Бенитез на клупата на Реал Мадрид

0
1037

Претседателот на Реал Мадрид ,Флорентино Перез потврди дека клубот донел одлука да му даде отказ на Рафаел Бенитез и на негово место на клупата на Реал Мадрид да биде поставен Зинедин Зидан.

Бенитез го предводеше „кралскиот клуб“ само седум месеци, а додека тој беше на клупата Реал Мадрид имаше серија на разочарувачки резултати.

Шпанските медиуми по вчерашното реми со Валенсија (2:2) навестуваа дека е можен отказ за Бенитез, а тоа на прес конференција вечерва го потврди и Перез.

Французинот Зинедин Зидан досега беше тренер на вториот тим на Реал Мадрид. Тој воедно две сезони му беше и асистент на Карло Анчелоти, додека тој беше прв тренер на „кралскиот клуб“. Официјалната промоција на Зидан најверојатно ќе биде направена утре.

Зидан во периодот од 2001 до 2006 година го носеше дресот на Реал Мадрид, каде и ја заврши кариерата.