ВО ПОЛИТИЧКОТО МОЧУРИШТЕ, МИЦКОСКИ БЕЗУСПЕШНО БАРА ПРАТЕНИЦИ ЗА ГЛАСАЊЕ НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА И ОДГЛУМИ ЗАГРИЖЕНОСТ: ВЛАСТА КОРИСТИ НЕЧЕСНИ МЕТОДИ ЗА ДА ВЛИЈАЕ НА ПРАТЕНИЦИ

0
548

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Александар Николоски и други членови на партијата, даде комична изјава во која им се извини на македонските граѓани за политичкиот циркус денес и дека наводно се срами од тоа што се случува. Поради ова размислувал дали во Македонија вреди човек да се занимава со политика.

Мицкоски рече дека ќе чекаат до полноќ да се појави или јави Кастриот Реџепи и се сомнева дека тој се наоѓа некаде присилно.

“Ќе почекаме до 24 часот, да видиме дали човекот е жив и здрав. Ако не, ќе бараме одговори од МВР. Ова се методи од 16-тиот век. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште. Со нокти гребат за да останат каде што се. Не ме чуди СДСМ и ДУИ да направат поголемо мнозинство после ова, од ова што е” – рече Мицкоски. Потоа побара предвремени парламентарни избори за излез од кризата.

На прашањето дали имаат резервна опција,  Мицкоски рече:

“Јас вакви методи немам, ниту ми паѓа на памет, ако ова е точно дека пратеникот Реџепи некаде се држи. Се координирав со пратеничката група и ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, се наметнува прашањето дали вреди човек да се занимава со политика во земјава. Ако се потврди дека Реџепи е држен против своја волја, тоа кај мене предизвикува силно чувство на гадење. Сведоци сме на една ваква циркуска претстава и жалам што народот е сведок на ова. Простете што мора да бидам дел од ваков срам што ние политичарите ви го приредивме. Јас немам такви методи како што имаат СДСМ и ДУИ, да држат во заложништво пратеници и луѓе. Немам сознанија каде е Реџепи. Не ми паѓа на памет да преговарам. Сите кои мислат дека оваа влада е корумпирана и криминална слободно можат да се придружат” – рече Мицкоски.