ВО 2022 ГОДИНА ФОКУСОТ ЌЕ БИДЕ НА ЕКОНОМИЈАТА, МАНДАТАРОТ КОВАЧЕВСКИ СО НОВОГОДИШНА ПОРАКА: СО РАСТОТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ГО ПОТТИКНЕМЕ И РАСТОТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА, ПЕНЗИИТЕ И ЌЕ ЈА НАМАЛИМЕ НЕВРАБОТЕНОСТА

0
1218

Мандатарот и нов премиер Димитар Ковачевски порача дека во 2022 година фокусот ќе биде на економијата.

“2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред сѐ економски план. Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа. Тоа ќе го постигнеме со одговорна и посветена работа, заедно со мојот тим и заедно со вас граѓаните” – изјави Димитар Ковачевски.