ВМОРОНСКА ЛОГИКА НА МИЛОШОСКИ: НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО ИМ ОДГОВАРА СЛАБА ВЛАДА НА ЗАЕВ ЗА ДА УЦЕНУВААТ ПОЛЕСНО ЗА НЕКОЕ ТЕНДЕРЧЕ ИЛИ ВРАБОТУВАЊЕ

0
731

Во комичното гостување на пратеникот Милошоски во емисијата “Што не е јасно” на тв Алфа, беа искажани повеќе манипулативни и паушални тези.

Особено ја критикуваше власта поради тоа што многу наши сограѓани отишле за Белград во изминатиот викенд за да примат прва доза од вакцината Астра Зенека. Како причина за тоа била неспособноста на Владата на Заев и министерот за здравство, Филипче. Сметаше дека не е во ред граѓаните да плаќаат здравствено осигурување во Македонија а потоа на своја рака да си бараат чаре во Србија. Ова е само уште едно леење крокодилски солзи и примитивна хипокризија на пратеникот Милошоски.

Исто така нагласи дека конфликтот меѓу министерот Филипче и претседателот Пендаровски во врска со здравствената криза е реален а не само глума пред јавноста. Тоа што не може да го сфати Милошоски е дека во СДСМ има различни мислења и не постојат инструкции од горе дека сите треба едно исто да мислат и да говорат.

Најсилното алиби на Милошоски за моменталната политичка состојба во Македонија му беше дека на пратениците од мнозинството им одговара слаба и неефикасна Влада на Заев со цел полесно да ја уценуваат за свои лични интереси како на пример за одредени тендери или пак за џаболебарски вработувања на свои роднини.