ПОТТИКНУВАЊЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАТА НА ТЕРЕН, Д-Р ПЕТЛИЧКОВСКИ: ИМУНИТЕТОТ НА ПАЦИЕНТОТ ЌЕ ГО АКТИВИРАМЕ СО ТЕМПИРАЊЕ НА ВАКЦИНИРАЊЕТО

0
1098

Во емисијата “Топ тема” гостуваше директорот на институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски кој што подетално објаснуваше за предностите од вакцинирањето против короната. Според научните сознанија, вакцините се безбедни но пред вакцинирањето мора да се има увид во здравствената состојба на секој пациент поединечно со цел да се утврди потребата за вакцинирање но и навременото реквакцинирање за да се зголеми имунитетот на пациентот.

Особено битно е да се наведе дека не само создавањето антитела е пресудно за одбрана на организмот од напад на короната туку и создавањето на клеточниот имунитет. Според тестирањата на досега достапните вакцини, проценката е дека со правилно и навремено вакцинирање може да се одржи имунитетот во рок од една година.

Оние пациенти кои што веќе прележале корона не треба да се вакцинираат веднаш туку да помине одредено време и потоа да се вакцинираат само со една доза.