САКАМЕ ДА СТАНЕМЕ ЕВРОПСКА ЗЕМЈА АМА НЕ САКАМЕ ДА ПОЧИТУВАМЕ РЕД И ЗАКОН: ВЕЌЕ СЕ ПОЈАВИЈА ИЗРАБОТУВАЧИ НА ФАЛЦ СЕРТИФИКАТИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА СО ЦЕЛ ДА СЕ ИЗИГРА СИСТЕМОТ

0
857

Во македонскиот ген е да се бара начин како да ги изиграат мерките и законите со кои треба да се заштитат луѓето од короната. Многу од граѓани за овие два дена набавиле и влегувале секаде со фалц сертификати за вакцинација позајмени од пријателите но и купени онлајн од анонимни изработувачи. Граѓаните бараат ваква услуга само про форма да имаат сертификат иако не се вакцинирани и немаат намера тоа да го сторат бидејќи баш ги заболе за јавното здравје.

И во инспекторатите се јавувале лица кои сакале да останат анонимни и кажувале дека се поканети на свадби, а кога рекле дека не можат да присуствуваат зашто не се вакцинирани, од организаторите добиле одговор дека со ручекот ќе добијат и фалц сертификат.

“Доколку бидеме информирани, ќе го имаме ова предвид. Угостителите треба да ги контролираат сертификатите. Ние овие два дена повеќе одевме превентивно. Во наредните денови ќе се утврди и веродостојноста на тие сертификати. Имаме механизам како тоа да го направиме, има и апликации и податоци влезени во систем и веднаш излегува дали одреден сертификат е фалсификат. Од старт мислам дека не е коректно да се служат со такви методи, но не би препорачала да се дрзнуваат на такви работи. Препорачливо е да се вакцинираат заради заштита на здравјето а не да прават манипулации” – изјави Анета Симеска, директорка на пазарната инспекција.