САД ПООСТРО УДРИЈА ПО БУГАРИТЕ: СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ СТАВИ 6 БУГАРСКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ЦРНА ЛИСТА ПОРАДИ ЗЕМАЊЕ МИТО ЗА ИЗДАВАЊЕ БУГАРСКИ ПАСОШИ НА МАКЕДОНЦИ

0
1837

Меѓу шестмината Бугари кои денеска американскиот Стејт Департмент ги стави на црна листа се и двајцата поранешни функционери на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев и Красимир Томов, кои се обвинети дека организирале шема за земање мито и за издавање бугарски пасоши на Македонци. Двајцата се кадри на ВМРО-БНД на поранешниот вицепремиер Красимир Каракачанов.

“Денеска, го објавуваме јавното означување на поранешните бугарски функционери Александар Манолев, Петар Харалампиев, Красимир Томов, Делјан Славчев Пеевски, како и актуелниот бугарски функционер Димитров Желјасков, поради нивна вклученост во значителна корупција. Манолев, Харалампиев и Томов, како заменик-министер за економија, директор на Државната агенција за Бугари во странство и генерален секретар на Државната агенција за Бугарите во странство беа вклучени во коруптивни дејствија со што го поткопаа владеењето на правото и довербата на бугарската јавност во владините демократски институции и ги користеа своето политичко влијание и моќта што им ја носи функцијата за да остварат лична корист” – се вели во соопштението на Стејт Департментот.

Со оваа одлука на Стејт Департментот, на Харалампиев и Томов, како и на нивните семејства им е забранет влез во САД. Двајцата беа уапсени во 2018 година, како дел од акцијата на бугарската полиција против раководството на Државната агенција за Бугарите во странство, преку која што се издаваат државјанствата.