ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ КОН ЗАПАДНИОТ БАЛКАН БАРА ЕВРОПСКО ЛИДЕРСТВО, ЗАЕВ ВО ВИЕНА: БЛАГОДАРНИ СМЕ НА ЛИДЕРСТВОТО НА АВСТРИЈА ЗА ЕВРОПСКИОТ ОДНОС КОН БАЛКАНОТ

0
693

Премиерот Зоран Заев учествуваше на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена. Му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите ,европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.

“Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денес во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа. Се’ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот” – изјави премиерот Заев.

Денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажа дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа.