ОД ВТОРНИК СРБИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ГИ ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПО НОВАТА ФРАНЦУСКА МЕТОДОЛОГИЈА

0
723

Србија и Црна Гора ќе ги одржат меѓувладините конференции со ЕУ во рамки на новата преговарачка методологија на ЕУ усвоена минатата година. Новата методологија предложена од страна на Европската Комисија беше одобрена и усвоена во март 2020 за идните кандидати кои што ќе започнат преговори со ЕУ но исто така ќе важи и за земјите кои што веќе преговараат. Новата методологија предвидува зајакнато политичко управување со процесот и групирање на преговарачките поглавја во шест кластери.

Белград и Подгорица прифатија да се приклучат кон овој процес и првите меѓувладини конференции за овие две земји во новата рамка ќе се одржат во вторник во Луксембург по Советот за општи работи на ЕУ. Не е предвидено отворање или затворање на нови поглавја.

“Целта е да се даде нов поттик на преговорите, овие две политички меѓувладини конференции ќе обележат исчекор во преговарачкиот процес” – велат од португалското претседателство.