ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНС: ДЕКРЕТОТ ОД БАЈДЕН ЌЕ НИ ПОМОГНЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

0
548

Премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД Кејт Брнс денеска изразија заедничко задоволство поради извршната наредба на претседателот Џо Бајден со цел подобра борба против корупцијата, а тоа е и висок владин приоритет.

Заев и Брнс ја констатираа вредноста на извршната наредба на претседателот Бајден особено ако се има предвид дека преку неа може да се оневозможи влез на физички субјекти и лица од Западен Балкан кои се одговорни за корупција, за злоупотреба на јавни или приватни средства за мито или за политички цели, како и за нарушување на мирот, стабилноста и демократијата.

Премиерот Заев изрази задоволство што на листата на меѓународни договори кои се значајни за регионот е наведен и Договорот од Преспа, како еден од гарантите за безбедноста и стабилноста во регионот.