ПРАЗНА ЗАКАНА ОД КОЛЕ ЧАШУЛЕ: КОГА ЌЕ ПАДНЕ СДСМ ОД ВЛАСТ, СИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ОВА ШТО НИ ГО ПРАВАТ

0
3541

Во трагикомичниот монолог на Коле Чашуле во емисијата “Седмица” имаше многу глумење загриженост и леење крокодилски солзи поради заразените и починатите од корона.

Емисијата ја почна со честитки на фудбалската победата на Македонија над Германија со тезата дека мултиетничноста на државата се гледала преку заедничката слика на Пандев и Елмас. Тој рецепт бил успешен затоа што се базира на квалитетот на играчите кои што се повикани во репрезентација а не на рамковни проценти, ниту на договори како тој од Преспа ниту пак некаква двојазичност. Со тоа направи груба грешка во мешањето на спортот и политиката.

Потоа премина на црна пропаганда во врска со короната. На гледачите им порача дека наводно живееме во хорор поради третиот бран и регистрираните 50 починати во еден ден. Дополнително ја засили паушалната теза со тврдење дека Македонија станала гробница поради короната и неспособноста на Заев и Филипче. Само поради нив, владеела вистинска тепачка за кревети по болниците.

Цинично оцени дека сега веќе и нема потреба од дополнителни мерки, демек ништо нема да се постигне. Според него, најчесно е Филипче и КЗБ да речеа “не чекајте ништо на нас, Господ да ни е на помош”.

Во сето ова откри позадина за партиски калкулации на СДСМ. Постоеле две варијанти: ако воведеле мерки, како ќе имаше и попис?; а сега нема ни попис, нема ни мерки.

Дополнително рече дека Филипче дал смешно образложение дека вирусот бил широко распространет, па така немале да влијаат ниту нови засилени мерки.

Штом не ги признава препораките на Филипче и КЗБ, се повика на истражување на битолскиот професор Дејан Трајковски кој предупредувал уште од јануари за следниот пик, барал 96 часа локдаун, за да се намалат дневните бројки под 400 заразени.

Чашуле арогантно тврдеше дека власта наводно сакала спонтано да се прележи болеста, да не се развлекува долго време короната. Така немала да брза и со вакцинирањето, па можела да си дозволи луксуз за неодговорноста.

Поради овие негови гледишта, предложи колективно да поднесеме сите пријава преку адвокати за тоа што ни го прави власта поради корона кризата. А кога ќе падне СДСМ од власт, ќе ги повикал на одговорност за ова што ни го прават.

Потоа со восхит зборуваше за тоа како единствените вакцини во Македонија се донирани од Србија, а другите ни следуваат автоматизам од Ковакс. И така неспособните и неодговорните во СДСМ не направиле ништо досега, и за тоа немало мерило за да се искаже неспособноста на СДСМ.

Се осврна и на медиумскиот конфликт меѓу Филипче или Пендаровски. Бидејќи власта требаше да не’ снабди со вакцини, двајцата се виновни, заклучи наједноставно со банализирање на реалноста. Отиде дури и дотаму да рече дека сите се виновни во СДСМ од прв до последен.