МИЦКОСКИ МЕСТО ДА ГО ПРОМОВИРА СВОЈОТ КАНДИДАТ ВО ПРИЛЕП, ТРГНА ВО НАПАД ПРОТИВ СУГАРЕСКИ: ТОЈ Е ДУПЛО ПОЛОШ ОД ЗАЕВ ЗАТОА ШТО БЕШЕ ПРАТЕНИК, МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ, ДИРЕКТОР НА ЦАРИНА И СЕГА САКА ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК?!

0
954

За време на посетата на Прилеп, лидерот на опозицијата, Мицкоски заборави да ги истакне квалитетите на неговиот кандидат Борче Јовчески и веднаш премина на негативна реторика против СДСМ, Заев и Сугарески.

Против кандидатот на СДСМ, Сугарески, тој употреби злобни етикети со кои што се обиде да го оцрни место да предложи нешто ново и поинакво. Замислете, за Мицкоски само по себе е проблем тоа што Сугарески бил подолго време во политиката и тоа што стекнал големо политичко и практично искуство. Затоа Мицкоски го етикетираше Сугарески како кандидат во обид за градоначалник и дека бил два пати полош од Заев.

Да му објасни некој на Мицкоски дека секој кандидат на избори е во обид и дека сечија кандидатура по законски прописи е легитимна. Колку повеќе некој кандидат се докажал во својот минат труд, толку повеќе неговата кандидатура станува покредибилна.

Ако Сугарески бил во обид за градоначалник, како треба да се нарече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовчески кој што избегнува тв дуели и дебати според инструкции од Белата палата на криминалот? Во секоја демократска земја, тој што избегнува соочувања со противкандидатите, по автоматизам испаѓа од трката за висока функција.