МИЦКОСКИ СО ТРАГИЧНА ИЗЈАВА ПРОТИВ РАБОТНИЦИТЕ ВО ПРИЛЕП: ЕСМ ИМ ИСПЛАТИ К-15 НА ВРАБОТЕНИТЕ ПРЕД ИЗБОРИ И ЗАТОА СЕГА НЕМА ДОВОЛНО ПАРИ ЗА ИСКОП НА ЈАГЛЕН И КОНТРОЛА НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА?!

0
933

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски денес беше на средба со граѓани на Прилеп заедно со партискиот кандидат за градоначалник, Борче Јовчески и даде изјава за медиуми.

Во обид да форсира наратив за кревање паника и незадоволство поради евентуалното пазарно покачување на цената на електричната енергија, тој ја дефокусираше јавноста со трагичната теза дека државната компанија ЕСМ им исплатила К-15 на вработените (обврска по закон) и поради тоа наводно немало доволно пари за нормално производство на енергија и пониски цени за потрошувачите. Цената на електричната енергија зависи во најголема мера од европските берзански текови и неминовно тие движења се рефлектираат и на домашниот пазар. Не е Заев тој што ги диригира тие цени во Европа или во Северна Македонија.

Со економската програма на ВМРО-ДПМНЕ, предвидено е народот да се врати на мизерна плата од 9 илјади денари а за К-15 да може само да сонува. Дали некој разумен би гласал за таква вмровска перспектива?