КУЗЕСКА: ПОСТИГНАВМЕ ДОГОВОР СО ВМРО-ДПМНЕ НО НЕ СМЕ СИГУРНИ КОЛКУ ЌЕ СЕ ПРИДРЖУВААТ ДО ТОА

0
813

“Доколку се следат досегашните политики на СДСМ цело време, а особено во време на пандемија, ние се стремиме кон дијалог, кон процеси што ќе течат без прекин, без кочници, без опструкции во Собранието” – нагласи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата “Само вистина” на Канал 5 тв.

“Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера направи се’ за да го инволвира Христијан Мицкоски во важните процеси во државата, да се ослободи од стегите на режимската матрица и да почне да соработува како одговорна опозиција. Особено во ек на пандемија, одговорноста и очекувањата на граѓаните од власта се големи и треба да бидат такви, но и опозицијата има одговорност. Кога граѓаните гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ не се однесува како одговорна и конструктивна опозиција, ќе ја казнат на избори.”

Таа порача дека целта е да се одржи успешен и валиден пописот. Потребна е реална слика да се скенира државата со тоа што го има, да се соберат што повеќе податоци, за потоа да се креираат мудри, паметни политики, да се креира буџетот согласно сликата што ќе се добие од пописот. Tоа нема да се постигне ако и мал број од граѓаните го бојкотираат, а ВМРО-ДПМНЕ го посакува токму тоа.