КОНСУЛТАЦИИТЕ НА КОВАЧЕВСКИ СО КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ ЗА НОВАТА ВЛАДА СЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА: ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ВО СДСМ ПРЕД ДА ПРОДОЛЖИ ПРОЦЕДУРАТА ВО СОБРАНИЕ

0
817

Консултациите за составот на новата Влада и новата владина програма се во финална фаза. Во понеделник ќе има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар, Димитар Ковачевски ќе ги претстави имињата во новиот владин кабинет, а потоа ќе продолжи процедурата во Собранието.

“Во моментов, претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалициските партнери кои одат во позитивна насока. Сепак станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните, ефикасност на институциите, како и европскиот пат на земјата” – рече заменик-претседателката Лукаревска.
Таа рече дека ќе се предложат проверени кадри кои со својата работа ќе испорачаат резултати за граѓаните и државата.