ГРЕШКА НА ВЕБСАЈТОТ Е ДЕКА КАФЕМАТОТ ЧИНЕЛ НАД МИЛИОН ЕВРА, ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА: ГОДИШНАТА НАБАВКА НА КАФЕ ЧИНИ ИЛЈАДА ЕВРА, А КАФЕМАТОТ Е ДОБИЕН НА КОРИСТЕЊЕ БЕЗ НАДОМЕСТ

0
801

Министерството за правда ги демантира информациите дека набавило кафемат во вредност од над еден милион евра.

“Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана. Имавме склучено договор со фирмата “Медикал маркетинг ДООЕЛ” за годишна набавка на кафе во вредност до 60 илјади денари (без ДДВ). Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра, е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот. Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши, толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот” – велат од Министерството за правда.