ФОКУСОТ Е НА ПАНДЕМИЈАТА, ЗАЕВ: Болен од коронавирусот не плаќа ништо во јавното здравство

0
1357
Премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот, одговори и на пратеничко прашање околу справувањето на државата со пандемијата и побара да не се шират лажни пропаганди и да се поигрува со чувствата на граѓаните, со цел добивање политички поени.

“Јавното здравство е достапно за сите. Болен од коронавирусот не плаќа ништо во јавното здравство. Ништо повеќе нема во приватното здравство, што има во јавното здравство. Сè што не може да се најде како лек или лекарска интервенција, државата плаќа во приватното здравство или надвор од државата и ова важи за сите граѓани” – рече премиерот Заев.

Тој во обраќањето побара да не се напаѓаат неосновано здравствените експерти или да се упатуваат закани кон министерот за здравство и претставници на Владата, бидејќи тоа се закани.

“Нема повисок приоритет од здравјето на луѓето и никој нема да не спречи да го штитиме здравјето на граѓаните” – порача премиерот Заев.