ФЕЈК ЛЕВИЦА Е ВИНОВНА ЗА БЛОКАДАТА НА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, ЗАЕВ: ОБЕЗБЕДИВМЕ ГЛАСАЊЕ СО ФИНГЕРПРИНТ ТЕРМИНАЛИ И ФЕР ПРАВИЛА ЗА МЕДИУМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПАРТИИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
767

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека поради 750 небулозни амандмани за Изборниот законик од Левица, тој нема да се менува во пресрет на овие локални избори. За решенијата за медиумско претставување, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаконски акти.

“Не знам која опозициска партија што ме обвинува, но го знам виновникот, Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Не може да најде решение внатре соодветно решение во Парламентот, а имајќи предвид дека најголемото барање на опозицијата фингерпринтот е вграден за измените на законот, вградени се најголемите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, изнајдено е решение, благодарен сум на министерот за правда, ДИК и Агенцијата за медиуми за медиумското претставување. Формулацијата која што беше предложена во новиот закон, верувам дека сите овие институции ќе ја адаптираат со правилници и упатства за да може тоа да биде како усогласена формулација за сите партиципиенти, за четирите поголеми партии и за помалите партии, за нивно учество” – рече Заев.

Кога е блокиран законот во демократија и во Парламент и не постои решение во предвечерието на изборите тоа да се одблокира, претседателот на Собранието одлучил заедно во координација со пратеничките групи дека нема да се донесат последните измени кои беа поднесени.

Премиерот исто така потсети дека и Законот за личните карти е блокиран од Левица.