ВМРО-ДПМНЕ НАМЕРНО ГЛУМИ ПОДНЕСУВАЊЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ПРОТИВ ТАЛАТ ЏАФЕРИ: ПОДНЕСЕНАТА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА БЕЗ УСТАВНОТО ИМЕ НА ДРЖАВАТА Е ЕКСПРЕСНО ВРАТЕНА ЗА ДА СЕ КОРИГИРА

0
879

Собраниските служби ја вратија поднесената интерпелација против спикерот Талат Џафери поради тоа што на неа не било наведено уставното има на државата. Очекувано ВМРО-ДПМНЕ обвини дека тоа било направено неосновано и се повика на Деловникот.

“Враќањето на поднесената интерпелација повикувајќи се на усогласување на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија” – изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

“Укажуваме дека интерпелацијата и нејзината форма се единствени и дека врз нив не се применуваат одредбите кои што се однесуваат на предлог на закони како што е наведено во самото барање односно не се повикуваат на членот 136 од Деловникот. Членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон” – истакна пратеникот Мицевски.