ДАНЕЛА АРСОВСКА ГИ СПРЕЧИ ВРАБОТУВАЊАТА ВО ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА: ПОНИШТЕН Е ОГЛАСОТ ЗА НОВИ 20 ПОЖАРНИКАРИ

0
1622
Данела Арсовска го поништи огласот за вработување на нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
“Овој однос на деструктивната Арсовска е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна  заштита” – рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Очигледен е недостигот од пожарникари во Град Скопје, а работните позиции се празнат и со редовното пензионирање. Затоа се зголемува потребата од нов кадар во Бригадата за противпожарна заштита.