БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАДЕВ НЕКА ПОКРЕНЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРСКИОТ УСТАВ ПРЕД ДА БАРА ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1087

Бугарскиот претседател Румен Радев бара од Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во Уставот пред да одобри преговори за нас со ЕУ.

Тој тврди дека тоа е прашање на принципи, а не на преговори. Тој смета дека од Северна Македонија добивал само ветувања без резултати и поради тоа бара правни гаранции и одржливи резултати.

Притоа тој воопшто не кажува кога Бугарија ќе го отвори својот Устав за да ги внесе сите малцинства во таа земја, вклучително и македонското и да им ги гарантира основните човекови права. Бугарскиот претседател може да покрене иницијатива за бугарските внатрешни прашања а не да се меша во домашната политика на соседните земји.

Да се потсетиме дека Бугарија упорно не ги спроведува наредбите од Европскиот суд во Стразбур за регистрирање на македонските здруженија на нејзина територија и е пред исфрлање и санкции од европските институции.