ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ, ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ЦДУ ГО ИЗБРАА ФРИДРИХ МЕРЦ ЗА НОВ ПАРТИСКИ ЛИДЕР

0
1020

Фридрих Мерц и избран за нов партиски лидер на германските демохристијани од ЦДУ. Тој доби 62,1% од гласовите на партиските членови. Гласањето треба да биде официјално потврдено на конгресот на партијата во јануари. Конкурентите на Мерц, Хелге Браун доби 12,1%, а Норберт Ретген 25,8% од гласовите.

Новиот претседател на партијата вети добра соработка со сите и сака да ги вклучи сите партиски фракции.

Мерц успеа во третиот обид да стане партиски лидер. Тој беше поразен од Анегрет Крамп-Каренбауер во 2018 година и од Армин Лашет на почетокот на 2021 година.

Помеѓу 2000 и 2002 година, Мерц беше претседател на фракцијата на ЦДУ во Бундестагот.

Во 2009 година ја напушти политиката и работеше како адвокат и претседател на надзорниот одбор на корпорацијата Блекрок, а веќе од септември повторно е во Бундестагот.

Околу две третини од сите членови на ЦДУ учествуваа во изборот, а со право на глас беа вкупно 248 360 лица. Ова е прв пат во историјата на ЦДУ, членовите да донесат директна одлука за нов партиски лидер.