Wednesday, November 6, 2024
6.8 C
Skopje

ДАНЕЛА АРСОВСКА ГО САБОТИРА РАЗВОЈОТ НА СКОПЈЕ: НЕМА НАМЕРА ДА ЈА ЗАВРШИ ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА И ЌЕ ЈА ЗАПРЕ ИЗГРАДБАТА НА МОСТОТ ВО АЕРОДРОМ НА КРАЈОТ НА БУЛЕВАРОТ АСНОМ

Мостот во скопски Аеродром на крајот од булеварот “АСНОМ” што требаше да поврзува три општини Аеродром, Гази Баба и Центар и беше проект на Шилегов, ќе биде запрен затоа што градоначалничката Данела Арсовска нема намера да ја заврши експропријацијата.

“Има 11 спорови. 25 предмети се во подготовка, а има и 44 барања за приватизација, од кои 16 се со кориснички права” – рече Данела Арсовска.

Таа призна дека за него има проект каде што ќе треба да поминува новиот булевар и да се излегува кај стариот скопски саем.

Новиот премин преку Вардар е долг околу 400 метри, а самиот мост е долг 150 метри. Има шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

Беше планирано преку него, граѓаните од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил да стигнуваат за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По мостот се планираше да сообраќаат и нови автобуски линии за да се намали сообраќајниот метеж.

ОВАА НЕДЕЛА

СПОРТИНГ НА АМОРИМ ГО РАСТУРИ СИТИ НА ПЕП

Рубен Аморим со стил се прости од навивачите на...

СО ИСТУРЕНИ ФЕКАЛИИ ВРЗ ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ ОДРЖАН МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО НОВИ САД

Демонстранти ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови...

АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА НОСЕЈЌИ АМЕРИКАНСКИ ЧОРАПИ ГЛАСАА ОД ВСЕЛЕНАТА

Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит гласаа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ