АДВОКАТОТ НА КАМЧЕВ СИ ГИ БРАНИ И ОСУДЕНИТЕ ВМРОВЦИ ПОД ПАТРИОТСКИ ПРЕВЕЗ, МЕНКИНОСКИ: БАРАМ ИТНО ДА СЕ РАЗРЕШУВААТ УСТАВНИ СУДИИ АКО НИВНИТЕ ПРЕСУДИ ПОДОЦНА БИДАТ ПОНИШТЕНИ ВО СТРАЗБУР

0
1374

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа, гостин беше Тони Менкиноски, адвокатот на осудените од упадот во Собрание на 27-ми април како и на олигархот Орце Камчев кој што моментално се наоѓа во притвор.

Тој упорно се води на некаква пиар слава поради тоа што ги има застапувано Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови правда и иако ги има добиено тие пресуди, сепак Бугарија упорно не регистрира македонски етнички здруженија. Во контекст на ова, ја обвини и надворешната политика на власта на СДСМ како неспособна да ги заштити македонските национални интереси кога преговара или се договара за нешто со Бугарија. Обвини дека Грција има по 300 дипломати во своите мисии и во ЕУ и во НАТО, а ние одвај имаме 10-20 души и поради тоа нашиот глас не може да се чуе. Го обвини СДСМ дека форсира нечии татини, мамини синови и ќерки во аматерски дипломатски мисии и со тоа се докажува дека немаме никаква визија.

Поради убеденоста дека осудените од 27-ми април и олигархот Орце Камчев се невини за кривичните дела и затоа решил да ги брани со правни аргументи и докази за тие случаи.

Побара под итна постапка да се разрешуваат уставни судии чии што пресуди ќе паднат во Стразбур поради тоа што нарушиле нечии човекови права само поради тоа што судиите имплементирале агенда на политички партии ко СДСМ. Поради неспремноста на Македонија во правната сфера и отсуство на мерит систем при назначување на судии и обвинители како и редовна контрола на нивната работа, практично сме биле неподготвени за интеграција во ЕУ.