ЈОВАНОСКИ : ДЕНЕСКА ГО ОЗНАЧУВАМЕ СТАРТОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБА ,,ТОЧИЛА”

0
1491

Денеска го означуваме стартот на градежните работи за изградба на нова детска градинка во населбата „Точила“.

Со гордост можам да истакнам дека за прв пат после четирисет години, на површина од 5.030 м2, започнува да се гради нова детска градинка во општина Прилеп, со капацитет за згрижување на 252 деца.

Со тоа, го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните и трајно го решаваме проблемот за згрижување на деца во прилепските градинки.

Станува збор за изградба на објект од капитално значење за градот, според сите европски и светски стандарди за квалитетен ран детски развој и за кој општина Прилеп издвои 133 милиони денари од сопствениот буџет.

Објектот е проектиран да има приземје и кат, партерно уредување, функционално поделен на два дела, од кои едниот дел со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли, а другиот дел во кој ќе бидат сместени стручниот кадар и администрацијата.
Покрај партерното уредување, од особена важност е тоа што покривот е предвиден како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација. Зелениот покрив овозможува одлична изолација преку целата година и заштеда на енергија.

На покривната тераса ќе има сончеви колектори и фотоволтаична постројка за производство на електрична енергија за потребите на самата градинка, а ќе биде инсталирана и воздушна топлотна пумпа, со што значително ќе се намалат трошоците за греење и ладење.

Објектот ќе има централно подно греење и ќе ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност.

Имајќи го предвид сето ова, со гордост можам да истакнам дека за седум месеци од денеска, колку што е и предвидено да трае изградбата на објектот, Прилеп ќе добие нова, современа и европска детска градинка, една од најубавите во државата.
Исправени сме пред предизвикот, и покрај пандемијата со Ковид-19 и тешките епидемиолошки и економски услови, ќе ја изградиме оваа детска градинка во Прилеп.
Нека ни е аирлија почетокот на изградбата на новата детска градинка.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.