ВЕЧНИОТ ПОСЛУШНИК НА ВМРО-ДПМНЕ, СТРАШО АНГЕЛОВСКИ ТВРДИ: ЗАЕВ СИ ИГРА ПОСТОЈАНО СО СУДБИНАТА НА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА

0
167

Во гостувањето во емисијата “Што не е јасно?”, лидерот на партија МААК, Страшо Ангеловски упати остри критики кон власта на СДСМ и премиерот Заев.

Смета дека ѓаволот одамна ја однесе шегата од Македонија бидејќи премиерот Заев постојано се поигрува со судбината на народот особено во текот на пандемијата и сето тоа води кон осиромашување на народот и трансфер на богатството кон помалубројните побогатите слоеви.

Рече дека Македонија денес не е ни суверена ни самостојна држава. Тврди дека Заев формирал дефакто Влада без реално мнозинство бидејќи неговата партија не освоила најголема поддршка кај електоратот. Според него, Заев ја донел Македонија во гарантна окупација преку Преспанскиот договор со Грција, преку Договорот со Бугарија како и со тиранската платформа. На таков начин Македонија била обезличена и обезимена територија и со тоа станала депонија на НАТО.

Се дрзна да ја нарече Владата на Заев квислиншка и фашистичка и дека мора да падне на крај за да се врати името Република Македонија.