🎯 “МАКЕДОНСКИОТ ПРОХИБИЦИСКИ АГЕНТ ВО ПАД – ВИЛМА РУСКОВСКА ала ‘ЕЛИОТ НЕСС’ ВО АКЦИЈА”❗

0
1161

Во сите мои написи во кои се спомнува Русковска, пишував за каубојскиот начин со кој таа применува обвинителско право според нејзино сфаќања/толкување, со кривотворење и намера, со лична тенденција, со пречекорување на своите овластувања и оние на нејзините истражители, со лажење и притисоци на и кон Судот и судиите кои одлучуваат по нејзините барања и обвиненија, со заштита на службените пречекорувања направени со нејзина усмена наредба, со кршење на етичките правила и кодекси за обвинителите, со клевети, со медиумска сцена во која сама ги доделуваше улога, со импровизации од нејзини „извори на информации“ со кои се штитеа криминалци во бегство, со доверба „само во неа“ на криминалци привилигирани во прогон од неа лично …, со попречување во вршење на службена должност на лица со кои требала да соработува, а не да ги прогонува …, со тортури, притисок и изнудување на „признанија“ и клевети кон други лица, со заштита на крупните криминалци, со подготвување на двојни записници во предмети лично застапувани од неа, со дружби и комуникации со лица кои за сопствена заштита лично ги прогонува итн.

❗Долга е оваа низа на „етичко и професионално поведение на Русковска“. Низата личи на добро документирана кривична пријава по која би постапувале обвинител и судија кои не се плашат од нејзините блеф изјави за „тресење од гаќи“ и фразата „ќе видиш ти“❗

👉За да може Вилма Русковска да го глуми прохибицискиот агент Елиот Несс прво, треба да биде неприкосновено етичен и чист професионалел и второ, да не пие. Вилма не може да биде „Елиот Несс во македонскиот правосуден систем“❗

Кога годините наназад пишував за „функционирањето“ на обвинителството и начинот на работа, штетите кои ги предизвикаа одредени обвинители со нивните одлуки, прикривања на криминалот, недокажаните обвиненија терани со помпа и со ексклузивни брифинзи, а особено кога пишував за злоупотребите „од позиција на моќ за прогон“ на Вилма Русковска, многумина се коментираа и се обидуваа да бараат мој личен мотив во написите. Не им замерував, зошто не знаат ни 1/5 од злоупотребите.

❗Препукувањето помеѓу двете институции кои имаат иста моќ и право на кривичен прогон (Финансиска полиција и ОЈО ГОКК), со приближно ист делокруг и надлежност на работа, со демонстрација на каубојското вршење на „претрес по анонимна пријава на граѓани во предистрага (❗)“, со претставки за начинот на извршен претрес и основаноста од страна на истражителите на Вилма кои тоа го правеле, со докажувањето на (не)основаноста на наредбата за претрес пред судијата за претходна постапка Реџепагиќ …, на голем екран гледам едно „дежа ву“ и една злобна матрица која ја опишав и пријавив до сите надлежни институции кои до денес не сакаа да ја видат злоупотребата и тенденцијата на еден јавен обвинител и се обидуваа да ја претстават како „светица“, а зад грб да зборуваа се и сешто за неа.
Не зборувам зад грб – пишувам јавно за се’ за што имам доказ.
Имам човечка доблест и култура, да не напишам повеќе од се што знам за нејзината „хуманост, етика и професионализам“.

Не е тоа мое ниво❗

👉Целта на овој статус не е да повторам се што досега сум напишала за Вилма Русковска и за начинот на нејзина работа и нејзината замислена улога на „удбаш“ со методи на параполициско делување.

Целта не ниту да застапувам интереси на Финансиската полиција.

🚩🚩Со овој статус имам намера да напишам и да ПОДВЛЕЧАМ ЕДЕН ОСНОВАН ФАКТ кој може да биде темел за издржана и обемна кривична пријава против Вилма Русковска во истиот момент кога таа нема да ужива никаков имунитет и нема да може да ја злоупотребува позицијата, да се заканува и да ги прогонува оние кои многу одамна ги документирале и нејзините злоупотреби❗

🚩Заклучокот го влечам од паралелата на злоупотреби на јавнообвинителската функција во 👉ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ преку незаконски претреси (Вилмин модус операнди)👈 неосновани „блеф“ сомневања како основ за добивање на наредба за претрес од судија и подоцна одземање на документи со цел попречување на истраги/надзори итн., – сето тоа, заради заштита на интереси на нејзина клиентела по повеќе основи❗

🚩Со докажаниот во судска постапка незаконски влез и претрес во мојот дом пред 3 години – недозволено диригиран по телефон од страна на Вилма Русковска (наместо од раководител на претрес или судијата на претходна постапка Весна Димишкова) во тој актуелен момент на ДИРЕКТЕН НАЧИН беше попречен ефикасен парламентарен надзор над УБК во фаза додека течеа реформите и додека до членови на Комисијата за надзор над УБК и АР стигаа сериозни докази за криминал кој не завршиле со „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“❗

🚩Фактот што до денес (повеќе од 2 години) ниту една институција, вклучително ДКСК, АНБ, ОЈО ОКК не постапува по неанонимните пријави потпишани со мое име и презиме во кои доказен материјал се „одземените документи при претрес од домот на Ременски“, зборува за фактот дека, целта на тој „претрес“ кај Потпретседателот на Собрание и членот на надзорни тела на безбедносни служби, ВООПШТО не биле документи од невладина организација (тие знаеле дека такви ниту имало, ниту ќе има). Таргет биле документи од парламентарен надзор од кои се гледаат злоупотреби на ЗАШТИТЕНАТА КЛИЕНТЕЛА на Вилма од поранешната УБК со која до денес негува односи на привилегија, дружби и неказнивост❗

👉Сашо Мијалков, Горан Николовски-Џони … и др.,„угледни бизнисмени“ се само дел од тој клиентелистички список. Таа заштита оди до тој степен што на штета на вистината и на правото под нејзино покровителство биле правени двојни записници со фингирање на вистината, со изземање од обвиненија на виновни лица, за сметка на ставање во обвиненија на други невини лица … итн., итн.❗

🚩🚩Глувонемите институции не чувствуваат потреба да постапуваат по овие неанонимни пријави повеќе од 2 години, но затоа пак, Вилма Русковска во ПРЕДИСТРАГА по анонимка на еден лист хартија, експресно се згна да побара, добие и спроведува истражно дејствие „претрес“ како ИСТРАЖНО ДЕЈСТВИЕ ⁉️

🏁 Чии интереси бранат Русковска и Трајчева сега⁉️

ℹ Од оваа обвинителска фарса на Вилма „ала Елиот Несс“ во актуелниот случај со Финансиската полиција, од моите скромини професионални познавања на дел од состојбите и случувањата во оваа област, но и од „дежа ву-то“ со незаконскиот претрес, можам 👉ОСНОВАНО ДА ТВРДАМ👈 дека, мотивите и целта за претрес во просториите на ФП – (врз основа на непоткрепено со докази барање за претрес на Вилма Русковска пред судијата на претходна постапка Реџепагиќ – исто барање непоткрепено со докази за претрес во дом на Потпретседател на Собрание пред судијата Весна Димишкова) – се заради ЗАШТИТА НА ИНТЕРЕСИТЕ НА КЛИЕНТЕЛА на Вилма Русковска и свесно/намерно ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ИСТРАГИ за таа клиентела❗

Каубојското пресретнување на кривична одговорност за клиентелата со кршење на процесни, етички и хиерархиски правила не може и не смее да се брани со „аргумент“ дека, некој влијае над обвинителството и Судот, зошто именентно на тој напад е само реалното „влијание на Вилма со закани за прогон и тресење од гаќи на судии, обвинители, инспектори …“…, на сите кое веќе и ги гледаат „паднатите гаќи“ како умислен Елиот Несс.

ℹ Имам на ум уште едно слично каубојство со претрес „по желба на Вилма“, заради „ветена заштита на нејзина клиентела“ (фигурира и во ФП), кој минатата година беше извршен во Агенцијата за национална безбедност – повторно заради „егзибиции на од неа заштитени извори и клиенти“❗

Како тргнала работата со претресите на лажниот македонски Несс, добивам впечаток дека, следни на тапет/таргет за ПОПРЕЧУВАЊЕ ВО ИСТРАГИ може да бидат Агенцијата за разузнавање, МВР, Државното правобранителство или пак, Граѓанскиот Суд – Скопје …

Дали тие штитат нејзин интерес или интерес на нејзина клиентела останува да видиме многу бргу.

❗Сите ќе дојдете на пишаното од мене …, во време кога не ви се читаше и постапуваше. До тогаш, размислете кој може да влез во нејзиното обвинителство и да да види какв се неанонимни пријави со тони докази не се процесуираат и се отфрлаат …, а Државното правобранителство не се жали на тие решенија во кои се штети на државните интереси и државниата каса❗

Додека течат овие постапки, јас ќе макам летна манџа и ќе го чекам денот кога Вилма „Несс“ ќе се врати од летен одмор, ќе се погледне во огледалото, ќе види колку е исончана и ќе се соочи со сите нејзини злоупотреби, принуди, тортурни изнуди, фалсификати и закани со “тресења од гаќи“ и кривични прогони на блиски лица на судии од сите судови низ РСМ

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.