⚠️ “ОВА ОБВИНИТЕЛСТВО ТРЕБА ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕНО ОД ВЛИЈАНИЕТО НА РУСКОВСКА”❗

0
700

ЈО Антонио Јолески – Претседателот на Советот на јавни обвинители во изјавата за медиуми по жалбата на решението за суспензија од Вилма Русковска меѓу другото го потврди тоа за што пишував две години наназад.
ℹ Советот одлучи и порача дека, обвинителството за ГОКК треба да биде ослободено од влијанието на Русковска, додека се води кривичната постапка против неа за незаконскиот претрес и додека се води постапката по анонимната пријава поради која е извршен претресот❗

За мене како подносител на претставки, пријави и жалби во врска со сега веќе докажаниот пред Суд незаконит претрес во мојот дом по наредба и инструкции на Вилма, по оваа изјава и став на Советот повеќе од докажливо ми е НЕЈЗИНОТО НЕДОЗВОЛЕНО И НЕЗАКОНИТО ВЛИЈАНИЕ врз сите институции и контролни инстанци.

🚩🚩Останува да се потврди дека, ДОКАЖАНАТА ВИСТИНА ЗА НЕЈЗИНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ НЕ ДОБИЛА СВЕТЛО НА ДЕНОТ, ТОКМУ ЗАРАДИ НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ❗

🚩Несоборливите докази пишани и видео материјали покрај незаконскиот влез во мојот дом ја докажуваат и обвинителско-истражителската измама на Судот до кој биле доставени лажни информации во врска со добивањето на наредба за претрес, спроведување на самиот претрес и почитувањето на правилата за претрес❗

Сите претставки, пријави и жалби против Вилма и нејзините истражители доставувани до институциите ЗАВРШУВАА КАЈ ВИЛМА❗

Таа одлучуваше за сопствената одговорност и за одговорноста на оние на кои таа им издавала незаконски наредби. Сите поднесоци завршуваа кај неа, наместо на постапување пред независни институции по нив, а во чија работа таа немаше право да се меша.

ℹ🚩Се мешаше и ВЛИЈАЕШЕ, затоа што НЕ БЕШЕ СУСПЕНДИРАНА❗
Па така:

1️⃣ На внатрешна контрола во МВР недозволено им НАРЕДИ дека, “… е беспредметно да постапува по мојата претставка за незаконит претрес”, зошто тие одлучиле дека се’ било во ред (реченица во писмо од Министер).

2️⃣ На судија на претходна постапка во постапка по жалба за извршен незаконит претрес ГО ИЗЛАЖАА и му доставија известување спротивно на вистината – свекрва ми била присутна, а не дека влегле сами во отворен дом и без никого си вршеле претрес еден час до моето доаѓање дома (Известување до судија вис-а-вис видео материјал).

3️⃣ Мојот потенцијален сведок за незаконитиот претрес среде судска постапка почнаа ДА ГО ЗАПЛАШУВААТ со некаков прогон за оддавање на “службена тајна”. “Тајната” била всушност документираната вистина за незаконските наредби издавани лично од Вилма кон истражителите. Морав писмено да го известувам Судот дека, влијанието врз сведоци е недозволено, независно кој го прави (Пријава за заштитено надворешно пријавување, Покана, Известување до Судот итн.).

4️⃣ Обвинители под нејзино ВЛИЈАНИЕ И ПРИТИСОК наместо Решенија по кривични пријави за незаконит претрес доставуваа известувања по кои нема право за жалба како уставно гарантирано право на граѓаните (Известување од ЈО Ајро).

5️⃣ Шалтерски службеник од Граѓански суд под нејзино ВЛИЈАНИЕ, НАМЕРНО “СОЗДАЛ” формален пропуст со вадење на уредно приложена копија од моја лична карта која е прилог кон мојата Тужба за клевета и навреда против Русковска со докази за нејзиното ГРУБО ЛАЖЕЊЕ и манипулација на јавноста. Се чека одлука по жалба пред Апелација во која СЕ ОБИДУВА ДА ВЛИЈАЕ И ЗАПЛАШУВА (Тужба за клевета и навреда)

6️⃣ Русковска по завршена истрага (декември 2019) надвор од сите рокови и права, на крај на доказна постапка пред Судот од Собранието во септември 2021 година бара да и’ бидат доставени сите мои дописи испратени преку Архива како Потпретседател на Собрание до МВР – НЕДОЗВОЛЕНО и по ЗКП и по Устав.

Одбра една моја службена кореспонденција со Министерот Спасовски (која нема врска со случај и постапка). Судот го одби документот со образложение дека “нема врска со случајот”. За таа “ексклузива” за манипулација и ВЛИЈАНИЕ кај Ефтов во Центар си доби тужбата која не сака да почне како рочиште…, а ќе почне (Допис до МВР, Решение за завршена истрага, Тужба).

…. има уште ….

🚩Ако на ова ја додадам недозволената 8-годишна предистрага што ја водеше нејзината подредена обвинителка Гордана Смаќовска по моја пријава за милионскиот криминал на Груевци со лабораториите (АФИС, Хардветска опрема за следење елек.комуникации итн.), што заврши со амнестија на криминалот СО НЕЈЗИНА ОДЛУКА И ВЛИЈАНИЕ, тогаш ВЛИЈАНИЕТО не е само причина за нејзината суспензија, туку основ за кривична одговорност❗

ℹ Ќе се вратела на работа кога ќе завршела кривичната постапка 😁

🚩Ако нејзиното ОЈО 8 години водеше предистраги и со години врти во круг пријави за неодговорност на нејзини клиенти, тогаш која е веројатноста за нејзино брзо враќање на работното место од кое нема да влијае❓

ℹ Веројатноста се мери во промили кога ќе се подели со кривичната одговорност која ја има во фазата на истрага во која со НЕЈЗИНО ВЛИЈАНИЕ сакаше да докажува “впечаток заснован на углед и авторитет” без грам овластувања и права.
Ќе докажам врз кои ЛИЦА И ДОКАЗИ ВЛИЈАЕШЕ ТАА, ЗА ДА НЕ БИДЕ ПОСОЧЕНА ТАА КАКО НАЈОДГОВОРНА ЗА СЕТО КРИВОТВОРЕЊЕ❗

🚩Кога ќе поднесам кривична пријава јасна како ден, за се’ што беше неправено ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ВИЛМА ќе се повикам токму на овој аргумент на Советот на ЈО – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ТРЕБА ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕНО ОД ВЛИЈАНИЕТО НА РУСКОВСКА❗

🤩 П.С. Кога ја потцени мојата социолошка прогноза за нејзиниот пад, сакаше да го истакне нејзиното познавање на правото. Од вчерашната изјава на Советот на ЈО дознаваме дека, Русковска не знаела дека се жали на решението за суспензија. Се жалела за дисциплинската постапка која не е завршена. Правно знаење … 🙈🙊🙉

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.