ЏАФЕРИ : НАМАЛУВАЊЕТО НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ КОИ ГИ ИМЕНУВА ВЛАДАТА Е СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ УСВОЕНИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ

0
226

„Законите коишто се носат во Собранието се обврска да се спроведуваат, а Владата има обврска да спроведува закони. И она што е моја надлежност како премиер и на Владата како институција е соодветно да реагира на законските решенија навремено за да не оставите простор да дојдете во ситуација на крајот на месецот поради овие формални работи да не можете да исплатите плата на вработените“, вели техничкиот премиерВчерашната владина одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите избрани или именувани од Владата, како што денеска изјави техничкиот премиер Талат Џафери, е согласно последните законски измени усвоени во парламентот кои предвидуваат намалување на коефициентите на платите на функционерите.

Додава дека со одлуката на Владата се врши усогласување со усвоените законски измени.

„Законите коишто се носат во Собранието се обврска да се спроведуваат, а Владата има обврска да спроведува закони. И она што е моја надлежност како премиер и на Владата како институција е соодветно да реагира на законските решенија навремено за да не оставите простор да дојдете во ситуација на крајот на месецот поради овие формални работи да не можете да исплатите плата на вработените. Од таа причина, значи усогласување на коефициентите на лицата коишто се во рамки, во надлежност на Владата се усогласени со законските решенија“,
изјави Џафери.

Согласно одлуката, ќе се намалат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи.

Владата донесе одлука со која се намалуваат коефициентите на платите на функционерите кои таа ги именува.

Во однос на најавата на Советот на јавни обвинители дека пред Уставниот суд ќе ги оспори законските измени со кои се намалуваат коефициентите на платите на функционерите, меѓу кои и на обвинителите, Џафери не сакаше да коментира, додавајќи дека се работи за независна власт за која што и да каже ќе се смета како влијание.