ЌЕ СИ ПРАВИМЕ АЈВАРЧЕ И ЌЕ СИ ПЕЧЕМЕ РАКИЈА – МАРИЧИЌ ТВРДИ ДЕКА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ НЕМА ДА НИ ГИ СКРАТИ ЗАДОВОЛСТВАТА

0
465

Вицепремиерот Бојан Маричиќ смета дека најголемиот дел од граѓаните во Македонија сакаат нашата земја да биде дел од европското семејство, но како што посочи, кај дел од јавноста има неоснован страв дека членството ќе донесе и забрани.

Се води пропаганда дека нема да можеме да печеме ракија и дека нема да можеме да правиме ајвар откако ќе влеземе во ЕУ, но сето тоа не е точно, рече вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во синоќешното негово гостување на ТВ21.

Тој смета дека најголемиот дел од граѓаните во Македонија сакаат нашата земја да биде дел од европското семејство, но како што посочи, кај дел од јавноста има неоснован страв дека членството ќе донесе и забрани.

Јас сум сигурен дека повеќето граѓани се за членство на земјава во ЕУ и дека ќе најдеме сила за да ги надминеме овие проблеми коишто постојат и постоеле и во други држави. Гледам дека се води некаква пропаганда дека нема да можеме да поечеме ракија, дека нема да можеме да правиме ајвар ако се зачлениме во ЕУ.

Но, сето тоа се предрасуди и пропаганда коишто треба да ги надминеме. Денес и во Словенија и во Хрватска сите овие активности се дозволени, па живеат многу понапредно и позадоволно од она што било пред 10-15 години, да речеме пред да влезат во ЕУ – рече Маричиќ.