ЌЕ ОБЈАВИМЕ ДОКАЗИ ДЕКА ВУЧИЌ ДАЛ НАРЕДБА ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО БАЊСКА, ТВРДИ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОСОВО

0
369

Косовската претседателка Вјоса Османи во интервју за Си-Ен-Ен најави дека Косово поседува и ќе објави докази за „директни наредби од Вучиќ“ за вооружениот инцидент во Бањска, кога беа убиени еден припадник на косовската полиција и тројца напаѓачи – Срби.„Имаме јасни докази што ќе ги објавиме во наредните денови за директни нарачки што дошле од Вучиќ сите докази водат до тоа дека Белград стои зад инцидентот“, рече Османи.

Таа побара од Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ и другите кои учествуваа во насилството во Бањска, кои ги оцени како терористички напад со цел да се анектира северот на Косово „по моделот на Крим“.Ја обвини Србија дека сака да го дестабилизира Западен Балкан и со тоа да му овозможи на рускиот претседател Владимир Путин да отвори „нов фронт“ против Западот во регионот.„Важно е да се спречи тоа со казнување и воведување санкции против Србија. Во спротивно Србија ќе биде охрабрена да продолжи со насилството, не само кон Косово, туку и на други места во регионот“, порача Османи.