Хан доаѓа во Македонија на 14-ти или 15-ти јануари

0
1294

Европската комисија денеска потврди дека еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе го посети Скопје во текот на месецов, но засега не открива кога ќе се случи тоа.

– Јоханес Хан ќе го посети Скопје, но кога тоа точно ќе се случи, сè уште не можам да потврдат – соопшти Кетрин Реј, портпаролката на Европската комисија.

Реј, сепак, не откри детали за писмото што Хан го испрати пред две недели до лидерите потписници на Договорот од Пржино, но рече дека за време на посетата ќе се разговара за напредокот во имплементацијата на договорените точки.

Премиерот Никола Груевски вчера, исто така, потврди дека Хан ќе го посети Скопје, но не откри за што конкретно ќе разговараат.