ЈП “УЛИЦИ И ПАТИШТА” СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА СО АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЕЗЕРЦАТА И КАНАЛИТЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК

0
323

Согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, отворените канали, езерца и канали во градскиот парк, по налог на Град Скопје екипи на јавното претпријатије „Улици и патишта” започнуваат со активностите за комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои не се чистени околу пет години. Подготвителните активности за чистење на езерцата веќе се во тек, а екипите од понеделник ќе ги отпочнат активностите за чистење кои ќе се одвиваат во неколку фази.

Во првата фаза се стопира дотокот на вода и се заловува и згрижува рибниот фонд во соодветни услови за чување се до негово повторно враќање. Со пумпи се вади останатата количина на вода во езерата и се суши површината, по што во втората фаза следува машинско чистење на езерцата од лисја, отпадоци, мил и наноси од земја. Се чисти и каналот по кој тече вода во езерскиот систем во паркот по што во завршната фаза се полнат езерата.

Активностите за чистење на езерцата во градскиот парк ќе се изведуваат и во наредниот период, а ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.