ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СО ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

0
533
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа со реализација на тековните викенд-активности за собирање и транспорт на отпадот од поставените контејнери и канти во сите скопски општини, како и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини.

Активностите се одвиваат и во централното градско подрачје – на улицата и плоштадот Македонија, како и на кејот „13 Ноември“, каде што се врши рачно метење и празнење на корпите наменети за одлагање ситни отпадоци, додека  истовремено се реализира и рачно метење под надвозникот на

булеварот Гоце Делчев.
Воедно во текот на денешниот ден, екипите на Претпријатието извршија подигнување и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците Mетодија Митевски, Вуковарска и Благоја Паровиќ
во скопската општина Чаир.