Јовановиќ: Еве ја магијата на Заев, еве зошто ќе ве победиме

0
1341

Ја слушнавте ли изјавата на Заев за Канал 5, ја слушнавте ли таа разлика измеѓу двете политики во земјата? Еве ви ги проектите на СДСМ за граѓаните. Еве ја магијата на Заев:

1.) 600 милиони евра поддршка на инвестиции;

2.) 200 милиони евра за земјоделие и рурален развој;

3.) 60 милиони евра за Екологија;

4.) Реконструирани 32 здравствени центри во државата, подигнати се платите на здравствените работници, македонското здравство е комплетно опремено;

5.) Социјалната политика ќе биде приоритет – грижа за најсиромашните и најранливите;

СДСМ, вели Заев, води комплетно позитивна кампања, држи до себе и својот збор, а Мицкоски води комплетно негативна кампања, ветува црнила, обнови, враќање назад, преродби…

Од друга страна, сите стратешки цели на оваа земја се остварени: членка сме на НАТО, а почнуваме преговори со ЕУ, што значи дека после 15 – јули фокусот останува дома: комплетни реформи во правосудството, реформи во образованието, дигање на економијата, отварање на стотици илјади работни места – квалитетни работни места за младите.

Гледате, почитувани: идеи, брзина и срце, наспроти црнила, обнови, криминална олигархија и линч. Таа е понудата.

Заев нуди надеж, срце и визија, Мицкоски нуди… ништо не нуди. Мицкоски е срцето на темнината.

Ќе ве победиме! Повторно. И повторно. И повторно.

Автор : Ненад Јовановиќ