ЈАНКО БАЧЕВ: Ало СДСМ, абе дај не се зафркавајте и малите деца знаат дека Орце Камчев го финансира ВМРО-ДПМНЕ, туку до кај сме со конфискација на украденото?!

0
1375

Владеачката СДСМ бега од одговорот на прашањето кое го чека целата јавност. СДСМ не одговара на повикот на Единствена Македонија дали власта ќе го одземе украденото од македонски бизнисмени – бандити кои во спрега со власта правеле богатство во милијарди евра.

Но, СДСМ одбра да ја замајува јавноста дали Орце Камчев ја финансирал последната изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што е вообичаено за македонските бизнисмени кои во изминатите 30 години се вртат од кај дува ветрот. Суштествено е дали власта на СДСМ ќе го одземе украденото од македонските бизнисмени-бандити.

Да потсетиме, Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеше: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра„ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар, а Камчев е еден од тие кои го натоварија бродот.

Молкот во СДСМ зборува дека се ставаат во заштита на безаконието, криминалот и корупцијата. Но, македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години.