(ВИДЕО) БОМБА НА КОСТАДИНОВ: Адвокатите на Груевски поднеле иницијатива до уставен суд за законите според кои тој доби казна затвор!

0
1654

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 15.10.2018

Почитувани,

Бранителите на Никола Груевски поднеле иницијатива за испитување на уставноста на членови од Кривичниот законик врз основа на кои се терети поранешниот премиер од редовите на Фамилијата.

Со иницијатива до Уставниот суд се обидуваат да ја оспорат уставноста на Кривичниот законик, односно членот 353 став 5, кој се однесува на злоупотреба на службена должност.

Иницијативата има за цел одговорноста за неправилностите во јавните набавки да се префрли врз Комисијата за јавни набавки, а со тоа Груевски и неговите соработници, да биде ослободен од одговорност.

Истовремено, се бара предметите што се водат во моментов а се однесуваат на кривичните дела поврзани со Злоупотреба на службената положба и овластување, да бидат запрени се додека Уставниот суд не се произнесе.

Ова не е ништо друго освен последен, јалов, очајнички и правно неписмен обид за амнестија на Никола Груевски и неговите соработници.

Со ова се потврдува дека единствена цел на Мицкоски и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е амнестија на криминалот на Никола Груевски.

Христијан Мицкоски, претходно и сегашно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, треба да знаат дека амнестија нема да има.

Македонија е правна држава. Законите важат и ќе важат за сите подеднакво. Никој не е и нема да биде над законите и ниту еден закон нема да се менува или укинува за некој да се спаси од одговорност.

Секој кој постапувал незаконски ќе мора да одговара без разлика на неговата етничка, религиска или политичка припадност.