ЈАКИМОВСКИ ОД ГОСТИВАР : СИТЕ КОИ ПОДДРЖУВААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ, ОДГОВОРЕТЕ ИМ НА ГРАЃАНИТЕ ДАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЦИЈА ОД 1944 ГОДИНА?!

0
107

Почитувани медиуми,

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо
Јакимовски, денеска оствари средба со граѓаните на Гостивар.
Иселувањето е главен проблем и во Гостивар, како и во цела Македонија,
заклучи Јакимовски кој порача дека младите се иселуваат затоа што не
сакаат нивните званичници да виткаат кичма, како што тоа го правеа
досега.

Дополнително, уште еднаш нагласи дека е за продолжување на
интегративните процеси на Македонија, но истовремено македонските
граѓани сакаат да живеат во нормална и просперитетна држава.
– „Далеку од тоа дека ние не сме за интегративни процеси, напротив ги
поддржуваме, но во исто време ние сакаме нормален развој, како секоја
нормална држава и ние сакаме респект кон Република Македонија и кон
нејзините граѓани, како што тоа доликува на секој народ.

Не може на македонските граѓани сѐ да им се наоѓаат нови и нови причини
и нови и нови пречки за да се опструира нашиот влез во Европската
унија.“ – истакна Јакимовски.
Јакимовски порача дека е против внесување на Бугарите во македонскиот
Устав и постави три прашања до сите политичари и претседателски
кандидати кои велат дека ќе поддржат уставни измени.

– „Јас само сакам да го прашам и господинот Димитриевски и сите кои
предлагаат промена на Уставот за влез на Бугарите во Уставот, но со
одложено дејствување. Кажете им на граѓаните, дали Македонците се нација
од 1944 година, дали македонскиот јазик е нарчеје на бугарскиот јазик и
дали Гоце Делчев, Јане Сандански и другите македонски дејци, Димо Хаџи
Димов и така натаму, се македонски дејци или се Бугари по род како што
тоа го тврди бугарската историографија?“ – праша Јакимовски.