Урко и признал на Јанкуловска дека два дена се прикривало убиството на Мартин Нешковски!

0
1083

urko

-Урко и признал на Јанкуловска дека два дена се прикривало убиството. За да видат што да прават. За ова Јанкуловска го известува Протогер. За тоа не биле загрижени, ниту за прикривањето, ниту за загубениот живот, туку само затоа што темата била актуелна во медиумите – изјави Заев на денепниот прес.

Тој нагласи и дека во еден од следните разговори ќе се слушне дека и самата Јанкуловска се сомневала кој е вистинскиот извршител на дејството.